Турска погача полнета со сирење: Мирис кој го разубавува денот!

Вреди да се проба:

Ова е рецепт за еден прекрасен и вкусен појадок кој не може да се одбие.

Состојки:

  • 2 лажички шеќер
  • 10 гр. сув квасец
  • 200 гр. бело брашно
  • 100 гр. интегрално брашно
  • 1 лажичка сол
  • 30 мл. масло
  • 1 јајце
  • 200 мл. топло млеко
  • 100 гр. кашкавал
  • 100 гр. сирење
  • 1 жолчка

Подготовка:

Замесете тесто од брашно, топло млеко, сол, масло и едно јајце. Оставете саат време да отстои. Потоа премесете го и оставете го да одмори уште пола час.

- Advertisement -

Изрендајте го кашкавалот и измешајте го заедно со сирењето. Од половина мешавина сирење со кашкавал нправете топка. Тестото формирајте го во круг со пречник од 25см, додадете ја топката од сирење во средина на тестот и притиснете ја одозгра, така што ќе ја втиснете во тестото и ќе формирате повторно круг.

Добиеното тесто во круг премачкајте го со жолчка и одозгора додадете ја рамномерно преостанатата мешавина од сирење и кашкавал.

Печете на температура од 180 степени околу 25 минути.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!