И почетниците ќе можат да го подготват.
Состојки:
- 1\2 шолја млеко
- 1 шолја масло (сончогледово или мешавина од маслиново и сончогледово) или половина чаша сончогледово масло и половина чаша кокосово масло
- 1 жолчкa
- 1 лажичка сок од лимон
- 1/2 лажичка сол
Подготовка:
Ви треба миксер, две чинии (со различна големина, за да можат да се вклопат една во друга) и мраз.
Во поголем сад, искршете го мразот и додадете малку вода за да одржите температура од околу 0 степени C. Во помал сад, потопен во поголемиот со мраз, додадете ги состојките на следниов начин:
Загрејте млеко и масло на приближно 40 степени. Во малиот сад истурете го маслото во кое претходно сте ја измешале жолчката и мешајте со најголема брзина.
Додадете малку млеко и мешајте уште две минути додека не се соединат водата и маслото. Додадете сок од лимон и сол и нежно мешајте додека не се згусне маргаринот. Ако сакате, на крајот можете да додадете малку зачин по желба.
Префрлете го маргаринот во сад за складирање и чувајте го во фрижидер. Најдобро е да го користите во рок од два до три дена.
