Рибја чорба подготвена за 30 минути – Толку едноставна а толку вкусна!

Вреди да се проба:

Реклама

Оваа чорба е многу вкусна, евтина и не бара многу вложување во подготовката, а се подготвува за само 30 минути. Доколку сте љубители на чорби, ова е вистинскиот избор за вас.

Состојки:

  • 500 гр. риба лосос (може и крап)
  • 1 главица кромид
  • 1 пашканат
  • 1 корен од першун
  • 1 целер
  • 1 пиперка
  • 1 поголем морков
  • 3 ливчиња ловоров лист
  • 1 лажичка брашно
  • 1 лажичка зачин за рибја чорба
  • сув зачин по потреба
  • црн бибер во зрно
  • 1 лажица црвен пипер
  • маслиново масло по потреба

Подготовка:

Рибата претходно се подготвува, се мие и се става во тенџере да врие околу 10-15 минути и се додаваат две ливчиња ловоров лист. Откако рибата ќе се свари, се вади и се остава да се излади, па се чисти од кожата и коските. Рибата се сече на мали парчиња.

Реклама

Во длабока тава, на малку масло пропржете го сецканиот кромид и додадете го подготвениот зеленчук исецкан на коцки. Измешајте и динстајте го кратко време.

Водата во којашто се вареше рибата се прецедува и се истура во тавата со динстаниот зеленчук. Се остава да се вари и малку да врие околу 15 минути.

Реклама

Додадете го ловоровиот лист, биберот во зрно и исечената риба. Варете уште 10-15 минути.

Во малку вода растворете ги сите зачини, брашно, мелениот црвен пипер, зачинот за риба, сувиот зачин, мелениот бибер и додадете ги во чорбата.

На крај, додадете го сецканиот лист од целер и першун.

- Advertisement -

Уживајте!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -