Реклама
Овој супер намаз е одличен за било какви сендвичи, како прилог на месо, или пак едноставно за микс сос за тортиња чипс.
Потребни состојки:
- 2 излупени авокада
- 1 ситно исецкан црвен кромид
- 1 шоља исецкани домати
- 2 лажици сок од лимон/лимета
- 1 лута пиперка ситно сецкана (чили)
- неколку лажици ситно сецкан коријандер
- сол
- црн бибер
Авокадото исецкајте го и испасирајте го со виљушка го во форма на пире. Додадете го свежо цедениот сок од лимон и повторно испасирајте.
Реклама
Потоа додадете ги сите останати состојки во садот и убаво измешајте за убаво да се соедини вкусот.
Се препорачува да се посоли само со сол и бибер но доколку сте љубители на зачините додадете по свој вкус.
Реклама
За најдобро зачувување на вкусот и квалитетот, затворете го во тегличка и чувајте го во фрижидер.
Сервирајте го со топло потпечено лепче.
