ПОСНА ПИТА СО ГРИЗ И ЈАБОЛКА: Евтин деликатес со неодолив вкус!

Вреди да се проба:

Реклама

Едноставен рецепт за посна пита со јаболка и гриз кој ќе ви се допадне.

Истурената пита е идеален деликатес за кој не се потребни многу состојки, а рецептот е многу едноставен. Посна верзија на овој колач добро ќе ви дојде во посни денови, а е многу вкусен.

Реклама

Состојки: 

користете чаша од 200 мл

  • 2 чаши (200 мл) брашно
  • 2 чаши гриз
  • 1 чаша шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 прашок за пециво

Фил со јаболка:

Реклама
  • 1,5 кг неизлупени јаболка
  • 1 чаша шеќер / 200гр
  • 5 гр цимет
  • 1 ванилин шеќер

Повеќе:

  • 150 гр маргарин (посен)

Подготовка:

Јаболката исчистете ги и изрендајте ги и додадете ги шеќерот, ванилиниот шеќер и циметот. Измешајте сè и оставете да отстои додека ги подготвувате сувите состојки.

Измешајте брашно, гриз, ванилин шеќер и прашок за пециво. Тавата за печење од 30 x 20 cm добро намачкајте ја со маргарин. На дното посипете една третина од сувите состојки, а потоа со лажица премачкајте ги со половина од смесата со јаболка.

- Advertisement -

Јаболката ги фаќате заедно со сокот што го ослободиле. Доколку јаболката се посуви и нема сок што го испуштаат кога ќе дојдат во допир со јаболката, слободно полијте малку вода во смесата. Потоа одозгора ставете една третина од сувите состојки, а врз нив остатокот од јаболката и потоа останатите суви состојки.

Маргаринот се сече на тенки парчиња и се става одозгора врз питата. Колачот се пече на 180 степени околу 40 минути. Откако ќе се формира тврда кора на колачот, ќе знаете дека е печен, а ако не е, вратете ја уште 10 минути. Откако колачот ќе се излади, исечете го на коцки и посипете го со шеќер во прав.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -