За ручек послужете зеленчук со јајца и сирење печени во рерна.
Пред да продолжи сезоната на прослави и празници, олеснете си и наместо тешка храна, направете нешто вкусно и заситено, а полесно.Наш предлог е зеленчук печен во рерна, прелиен со јајца и млеко, а потоа посипете го со сирење. Разновидниот зеленчук е полн со минерали и витамини.
Состојки:
- 1 кромид
- 1 морков
- 1 тиквичка
- 2 мали брокули
- 10 шери домати
- 4 јајца
- 100 мл млеко
- 100 гр тврдо сирење
Подготовка:
Кромидот и морковот исечкајте ги и пропржете ги на масло. Откако ќе се издинста тоа се додаваат тиквичките исечкани на коцки и се оставаат уште 10 минути. Потоа додадете брокула која сте ја исечкала на цветчиња и шери доматите на половини.
Оставете се да се крчка уште 10 минути. Потоа измешајте ги јајцата со малку сол, млеко и посипете ги врз зеленчукот. Посипете со рендано сирење одозгора и промешајте. Се пече во рерна на 180°C околу 25 минути.