Монашка чорба од манастирот Рукумија има своја посна и мрсна варијанта, а на вас е да одлучите како ќе ја приготвите.
Состојки:
Мешавина за ќофтиња:
- 500-700 грама мелено месо
- 1 кромид
- 2 јајца
- 3 лажици презла
- Сол, суви зачини, бибер, магдонос, лук, зачинет црвен пипер.
Основа за монашката чорба:
- 2 глави кромид
- 1 морков
- 1 пашканат
- 1 пиперка
- 2 домати
- 1/4 зелка
- 300 гр. леќа
- 250-300 мл. сос од домати
- Сол, суви зачини, бибер, ловор, масло
- Масло за посипување и 2 лажици брашно и 1 лажица зачинета црвена пиперка.
Подготовка:
Најпрво направете ќофтиња (ако не постите) од месо, кромид, лук, јајца, зачини и презла. Пропржете ги ќофтињата и оставете ги на страна.
Направете ја основата за чорбата така што ќе ги пржите кромидот, морковот и црвената пиперка. Доматот исечкајте го на мали парчиња, а потоа исецкајте ја зелката на парчиња. Додадете ги сечканите домати и зелката, па сосот од домати и оставете се да врие 10 минути. Додадете ги зачините.
Во огноотпорен сад ставете ја измиената леќа, па пржениот зеленчук и се прелијте со вода за да се засити смесата. Ставете во рерна да се пече на 200 Целзиусови степени.
Извадете ја чорбата од рерна по еден час, а потоа запржете ја со брашно и црвена пиперка. Доколку сакате мрсна варијанта на ова јадење, додадете ги ќофтињата во манџата и повторно ставете ја во рерна да се испече убаво околу 10 минути.
Пријатно!