Реклама
Најубавата салата за зима. Нема повкусно од печи гмечи пиперки со лук.
Состојки:
- 8 кг. пиперки везанки
- 4 чаши масло
- 2 1/2 чаши алкохолен оцет
- 1/2 чаша шеќер
- 2/3 чаша сол
- 1 китка сечкан магдонос
- 1 главица лук, исечкана
- околу 5-6 големи тегли
Подготовка:
Испечете ги пиперките и ставете ги во ќеса да омекнат. Измешајте ги состојки за прелевање на пиперките, масло, оцет, сол и шеќер и убаво измешајте додека не се растворат шеќерот и солта.
Реклама
Загрејте ги теглите во рерната. Наполнете ги со неколку пиперки нагмечете, па ставете сечкан магдонос и лук, потоа повторно ставете неколку пиперки па магдонос и лук се до врвот. Посипете со подготвениот пресол до горе и затворете цврсто. Теглите чувајте ги на ладно место. Истото можете да го направите и со обични црвени пиперки со тоа што ќе ги испечете, ќе ги излупите и исчистите од семки.
Пријатно!