Овој рецепт ќе ве потсети на старите детски денови. Во минатото беше хит и уште е. Најчесто го има во слаткарниците, а сега можете да го подготвите и дома во само неколку лесни чекори.
Состојки:
- 3 литри вода
- 1 шолја – 250 гр шеќер
- 1 шолја – 250 гр брашно од пченка
- 10 гр свеж квасец
Подготовка:
Брашното ставете го во поголемо тенџере на средна температура и запечете го. Мешајте константно со околу 7-8 минути се додека не ја смени бојата. Тргнете го тенџерето од и оставете да се олади. Се остава да се излади и брашното и тенџерето, па се додава водата.
Во исто време, квасецот се раствора во малку топла вода со малку шеќер, треба да се остави да се активира. Потоа, се додава водата во тенџерето со брашното и се загреваат до варење, се меша постојано неколку минути па кога смесата ќе почне да се згуснува, се додава 1 шолја шеќер.
Се меша уште малку на тивко вриење. Течноста се згуснува со стоењето, следниот ден ќе биде погуста па затоа можете да додадете вода по вкус, зависи колку сакате да е густа.
Вака подготвената течност, се трга настрана да се излади. Кога ќе биде веќе млака, се додава растворениот квасец, се меша и се покрива со крпа да седи до наредниот ден на собна температура. Следниот ден ако е кисела е спремна за собирање. Ако е многу густа додадете вода, ако не ви е блага додадете шеќер.
Чувајте ја бозата во фрижидер.
На здравје!
