ЕДНОСТАВНА МЕРМЕРНА ТОРТА: Ѕвезда на секоја трпеза, а состојките веќе ги имате дома

Вреди да се проба:

Реклама

Мермерната торта според овој едноставен рецепт успева дури и за почетници во кујната.

Едноставна торта, покрај тоа што е многу вкусна, изгледа прекрасно, па ќе биде украс на секоја маса. Без премногу мака, можете да го направите и вие, според овој рецепт кој успева дури и за апсолутни почетници во кујната. За убава арома, во тестото додајте кора од лимон и портокал и сигурно сите ќе ве прашаат за рецептот.

Реклама

Состојки:

  • 4 јајца
  • 8 гр ванилин шеќер
  • 150 гр шеќер
  • 150 мл јогурт
  • 150 мл масло
  • 250 гр брашно
  • 10 гр прашок за пециво
  • 2 лажици какао во прав
  • кора од лимон
  • кора од портокал
  • 70 гр чоколадни топчиња или чоколадо

Подготовка:

Јајцата се матат со шеќерот и ванилиниот шеќер додека не побелат и станат пенести. Постепено додавајте го јогуртот со матење цело време, а потоа маслото. Истурете го брашното измешано со прашокот за пециво, па уште еднаш убаво изматете за да добиете мазно тесто без грутчиња.

Смесата поделете ја на два дела, па на еден додајте ја ренданата кора од лимон. Истурете во намрсена тава со дијаметар од 20 см. Во втората половина додадете какао во прав и кора од портокал, па добро измешајте.

Реклама

Прелијте ја белата смеса во плехот, па врз неа кафената распоредете ја на сите страни и со вилушка размешајте ја, но внимавајте смесата целосно да не се измеша. Одозгора наросете чоколадни трошки. Се пече во рерна загреана на 180 степени околу 35 минути. Кога ќе се излади исечете го на коцки со саканата големина.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -