ПЕЧЕНИ КРОФНИ: Без маснотии, а сочни и меки и следниот ден!

Вреди да се проба:

Реклама

Крофните може да се печат и во рерна, а како – погледнете во текстот.

Состојки:

  • 200 милилитри млеко
  • 10 гр квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 30 милилитри маслиново масло
  • 3 јајца
  • 400-450 гр брашно
  • малку сол
  • кора од лимон

За фил:

Реклама
  • Џем и посипете со шеќер во прав

Подготовка:

Скршете го квасецот во млако млеко, а потоа додадете шеќер. Кога ќе стане пенесто , ставете го во сад и додадете ги јајцата. Потоа додадете масло, кора од лимон, брашно и сол и замесете помеко тесто. Покријте да одмори 30 минути.

Расукајте го тестото и извадете кругчиња со калапот за крофни и наредете ги на плех. Покријте со крпа да стасаат малку. Печете на 180 степени C 30 минути. Покријте ги повторно да се изладат, а потоа ставете малку џем во средината и посипете ги со шеќер во прав.

Реклама

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -