Предлог за вкусен ручек со компири и пилешко кој ќе им се допадне на сите.
Ручек чии состојки само се сечкаат и се ставаат во сад, а потоа се динстаат малку на шпорет или се печат во рерна се најлесниот и најбрзиот начин да се подготви вкусен оброк. Ова јадење се прави од компири и пилешко, а се прелива со уште подобар прелив од оној за мусака.
Состојки:
- 2 компири
- 250 гр пилешко филе
- 1 пиперка
- 1 млад кромид
- 2 чешниња лук
- 2 јајца
- 150 мл павлака за готвење
- 2 домати
- тврдо сирење
- магдонос
Подготовка:
Компирите, месото, пиперката, кромидот и лукот ситно исечкајте ги и ставете ги во садот за готвење. Зачинете по вкус. Потоа додадете ги ситно сечканите домати. Посипете со маслиново масло, не премногу.
Изматете ги јајцата и павлаката, па додадете го ренданото сирење и убаво измешајте. Истурете во садот врз останатите состојки и покријте со алуминиумска фолија.
Печете на 230 ° C околу 30 минути. По ова време, извадете ја фолијата и печете на 200 ° C уште 10 минути. Не ја загревајте рерната претходно бидејќи земјениот сад може да пукне, ставете го во ладна рерна и нека се загрева садот заедно со рерната.
Пријатно!
