Обландите се брзо решение кога сакате да јадете нешто слатко – без матење и печење на кората.




Филот се подготвува многу брзо и по час до два, во зависност од брзината на ладење на филот, можете да го исечете и послужите колачот. И секако побрзо се готви, е поздраво и повкусно. Од заборав сочувавме рецепт кој датира од почетокот на 20 век и го споделуваме со вас. Дали во обландата ќе ставите сечкани ореви или кокосово брашно, одлучете сами – двете варијанти се подеднакво вкусни.




Состојки:
- 1 пакување обланди
- 5 белки
- 15 лажици шеќер
- 3 лажици мед
- 150 гр сецкани ореви или кокосово брашно
Подготовка:




Одделете ги белките од жолчките, а потоа жолчките тргнете ги на страна и искористете ги за друга торта.




Изматете ги белките во цврст снег, додадете 15 лажици шеќер и мешајте додека белките не почнат да се одвојуваат од перките на миксерот.




Во шерпата прелијте три лажици мед, па ставете ја на шпорет да се вари. Кога медот ќе зоврие, внимателно истурете ги белките измешани со шеќер и мешајте додека не се појават меурчиња или додека филот не почне да се крева во шерпата.




Брзо тргнете ја шерпата од оган, измешајте во филот сечкани ореви или кокосово брашно и наполнете ги листовите обланди. Така исфилувана и наредена обландата притиснете ја одозгора со потежок предмет и оставете ја да отстои, па исечете ја тортата и послужете.
Пријатно!