Лахмаџун: Традиционален турски рецепт!!!

Вреди да се проба:

Реклама

Иако оваа прекрасна закуска неблагодарно се нарекува „турска пица“, како што се нарекува во светот, сепак може да биде најдобриот начин да се доближи до сите оние кои никогаш не слушнале, виделе и пробале лахмаџун. Лесен за подготовка еве го најдобриот рецепт за лахмаџун.

Состојки:

Тесто:

Реклама
  • 300 гр  брашно
  • 180 мл млака вода
  • 6 гр сув квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажици маслиново масло

Фил:

  • 250 гр мелено говедско месо (или јагнешко)
  • 1/2  црвена пиперка
  • 1/2 зелена пиперка
  • 1/2 главица пурпурен кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 помали домати
  • 1 лажичка доматен сос
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 1/2 лажичка ким
  • 1/2 лажичка сол
  • неколку гранчиња свеж магдонос
  • прстофат чили
  • прстофат бибер

За послужување:

Реклама
  • неколку шери домати
  • неколку пиперки
  • малку виолетов кромид
  • свеж босилек

Подготовка:

Прво измесете го тестото: ставете брашно, сол, шеќер, сув квасец во голем сад  и добро измешајте. Додадете млака вода и маслиново масло и замесете мазно  тесто што не ви лепи за раце. Месете околу 10 минути и помогнете си со додавање брашно.

Од замесеното тесто формирајте топче, лесно премачкајте го со маслиново масло и ставете го во сад покриен со фолија. Оставете да се крева помеѓу 30 и 60 минути.

Додека тестото се крева, направете го филот. Изчистете ги  пиперките и исецкајте ситно или во блендер,  додатдете сецкан кромид, гранчињата магдонос, лук и доматот кој што сте го исчистиле од семето и сте го отстраниле сочниот дел. На кратко изблендирајте.

- Advertisement -

Додадете ким, сол, бибер, концентрат од домати, чили, црвен пипер и месо и се изблендирајте уште еднаш. Ќе добиете фина смеса за мачкање. Доколку сакате, може месото да го додадете дополнително а не во блендерот, но сепак да е ситно исечкано.

Ставете го нараснатото тесто на лесно набрашнета површина, кратко измешајте го и исечете го на три или четири еднакви делови. Расукајте го секое парче тесто што е можно потенко и премачкајте го во тенок слој со филот од месо и зеленчук.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 190 ° C и печете околу 15 минути, или додека рабовите на тестото не добијат убава златна боја.

Послужете топло со парче лимон или наросено со шери домати , мали пиперки, свеж босилек, кругчиња од  кромид.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -