Чваркара е нешто како леб со парчиња чварки , замотани со фина сланина и исечени на квадрати за полесно јадење. Доручек кој ќе ви даде многу енергија.




Состојки:
- 500 мл млеко
- 1 кг брашно
- 1 лажичка шеќер
- 1 квасец
- 1 лажица масло
- 300 гр масна сланина
- 100 гр крцкави чварки




Подготовка:
Измешајте малку брашно, шеќер и квасец со мала количина топло млеко. Оставете околу 10 минути за да се активира квасецот.
Во меѓувреме, исечете ја сланината на малку поголеми, рамномерни парчиња. Кога станува збор за сланина, колку подебели, толку подобро. Исецкајте ги крцкавите чваарки на мали парчиња за да ги распоредите поубаво во тестото.




Комбинирајте ја смесата од брашно, квасец и чварки и измесете го тестото. Оставете го да стаса околу еден час, т.е. додека волуменот на тестото не се удвои.




Пренесете го тестото на работна површина и размесете го во големина на плехот во кој ќе го печете. Плехот лесно намастете го и пренесете го тестото во него.
Сега доаѓа интересен момент – исечете го суровото тесто на еднакви парчиња. Го правиме ова за да можат парчињата едноставно да се „искинат“ кога се сервираат. На секое парче ставете по едно парче сланина.




Загрејте ја рерната на 200 степени и печете околу 30 минути и послужете ги додека се уште топли.
Една чаша ладен течен јогурт многу добро одговара.




Добар апетит!