Задоволство кое секој ќе го сака!




Состојки:
- 350 гр бисквити по желба
- 80 гр путер
- 1 шолја млеко
- 3 лажици инстант кафе
За полнење:
- 2 лажици крем или некој друг намаз
- 300 гр сирење (свежо сирење, маскарпоне или тофу)
- 4 лажици шеќер по желба,
- 1 шолја кокосово брашно
За декорација (опционално):
- чоколаден прелив
- украси по желба – ореви, трошки, овошје
Подготовка:
в
Изблендирајте 350 гр бисквити, додека не добиете брашнеста структура. Во сад ставете 80 гр путер и 1 шолја млеко, додадете 3 лажици кафе, па промешајте и варете на тивок оган додека путерот не се растопи.




Кога путерот ќе се растопи, додадете ги бисквитите и промешајте, па измесете со раце. Префрлете ја смесата на хартија за печење, расукајте ја и обликувајте правоаголник. Отсечете го вишокот од страна, притиснете на средина и повторно расукајте. Премачкајте со две лажици крем или премачкајте по желба.




Во сад ставете 300 гр сирење, 4 лажици шеќер, 1 шолја кокосово брашно и измешајте. Добиената смеса премачкајте ја врз кората и формирајте ролат и оставете ја да отстои на собна температура околу еден час.




Потоа ролатот префрлете го во фрижидер еден час. Кога ќе се излади, прелијте го со чоколаден прелив и декорирајте по желба.
Пријатно!