Извиткани стапчиња со ореви и цимет – Меки, сочни и миризливи! (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Вреди да се проба:

Меки, сочни и миризливи извиткани стапчиња со ореви и цимет. Викајте ги како сакате, важно е да се вкусни и сочни на крај.

Стапчињата можат да бидат и мрсни и посни. Доколку изберете посни, немојте да ги правите со млеко на крајот. Наместо млеко, можете да сварите вода и шеќер, како шербет за баклава.

- Advertisement -

Состојки за тесто:

  • 200 мл. топла вода
  • 5 гр. квасец
  • 2 лажици шеќер (можеби 4 во зависност од тоа колку слатко сакате)
  • 50 мл. масло за тесто и 30 мл. на прелив на крај
  • 350 гр. брашно + дополнително за мешање и растегнување

Полнење:

  • 200 гр. мелени ореви
  • 1 лажица цимет
  • 200 гр. кристален шеќер
  • 100 мл. масло

Прелив:

  • 200 мл. млеко/вода
  • 4 лажици шеќер

Подготовка:

Во еден сад сипете топла вода, додадете шеќер, квасец и масло и измешајте. Потоа додадете брашно и замесете тесто. Ќе остане малку лепливо, но затоа прелијте го со малку масло и премесете го.

Тестото се остава покриено на топло место еден час.

За тоа време сомелете ги оревите, измешајте ги со шеќерот и циметот, па прелијте со маслото и убаво измешајте да помине маслото насекаде. Ќе добиете зрнеста маса, која не треба да биде ретка.

Тестото расмесете го со малку брашно и поделете го на 6 еднакви дела.

Секое парче лесно обликувајте го во топче и оставете 10 минути на набрашнета површина да отстои.

Секое парче тесто развлечете го во круг со дијаметар од околу 20 см. Земете го првиот дел, намачкајте го со малку масло и посипете со една шестина од филот. Распространете го филот насекаде по малку.

Преклопрете го одозгора со друго тесто, ставете го на средина расуканото тесто, па рачно истегнете ги рабовите и притиснете да се залепи на дното тесто.

Повторувајте ја постапката со маслото и филот се така додека не го потрошите тестото и филот.

На крај на последното т.е. горното тесто намачкајте со масло и посипете со ореви, па притиснете ги со рака.

Вака добиената кора се сече на ленти со дебелина од 2 см. Земете една лента, притиснете ја со рака и истегнете ја дополнително, превиткајте ја на средина и завиткајте ја во спирала. Ставете го добиеното стапче во претходно подмачкана тава за печење.

Направете го истото со сите ленти. Слободно притиснете ги да се растопат, тестото е меко, а филот се лепи и ништо нема да испадне.

Кога ќе ги ставите стапчињата во тавата за печење, оставете ги да отстојат околу 15 минути и вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее.

Кога ќе се загрее рерната ставете ги стапчињата да се печат.

Посебно сварете 200 мл. млеко со 4 лажици шеќер, кога ќе зоврие смесата оставете ја уште една минута да врие.

Со ова млеко прелијте ги печените стапчиња и вратете ги во рерна уште 5 минути.

Времето за печење е околу 25 минути, во зависност од рерната.

Откако ќе се испечат оставете ги да се изладат и потоа сервирајте.

Во продолжение погледнете ја целата постапка објаснета во видеото подолу.


Извор: Domacirecepti.net
Пријатен апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!