МАКАЛО ОД ЛУК подготвено на оригинален битолски начин – Прсти да излижеш!

Вреди да се проба:

Реклама

За сите големи гурмани кои го обожаваат лукот и неговите варијации може да се користи во многу комбинации, со утринската супа, со скара, со риба или само да го потопите топлото лепче.

Овој рецепт во основа е ист како во рестораните.

Реклама

Состојки:

  • 1 главица лук
  • 3 лажици сончогледово масло
  • 3 лажици топла вода
  • 1 шолја ладна вода
  • 2 лажици оцет
  • 1/2 лажичка сол
  • магдонос

Подготовка:

Ставете го исчистениот лук во аван и истолчете го. Посолете ја смесата и додадете го маслото малку по малку. Повторно добро изгмечете го лукот да добиете една хомогена смеса.

Додадете топла вода и измешајте. После тоа, додадете ладна вода и оцетна киселина и промешајте.

Реклама

На крајот по ваша желба додадете лути пиперки и магдонос.

Ова е рецепт за посно макало, но по желба може да се додаде јогурт или млеко и така дипот ќе стане уште побел.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -