Реклама
Она што е предност во овој рецепт е тоа што модриот патлиџан не се пржи. Подготовката е лесна и едноставна.
Дадените состојки се за 2 лица.
Реклама
Состојки:
- 2 модри патлиџани
- сол
- маслиново масло
- сечкан лук по желба
- 300 мл крем за готвење
Подготовка:
Најпрво измијте го патлиџанот и исечете го на кругови. Наредете кругови на хартија за печење на решетките за скара во рерната. Ставете ги да се печат на максимална температура додека не омекнат.
Откако ќе омекнат, половината се префрла во огноотпорен сад, се додава малку сол, маслиново масло и сечканиот лук, па се редат остатокот од модар патлиџан и се посолуваат, се попрскува маслиново масло и лукот.
Реклама
Потоа додадете ја павлаката за готвење и вратете ги во рерна да се печат додека не добијат убава печена боја.
Украсете со свеж магдонос и послужете.
