Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“.
Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време е тоа да го направите со туршијата. Туршијата припаѓа на една од најздравите салати и е задолжителен дел од зимската трпеза.
Состојки:
- 5 кг зеленчук за туршија: краставици, пиперка, морков, зелен домат, карфиол, ситен кромид
- 5 литри вода
- 1 л оцет 9%
- 13 лажици шеќер
- 5 супени лажици сол
- 1 кесичка винобран
- зачини: рен, црн бибер во зрно, ловоров лист…
Подготовка:
Зеленчикот за туршија кратко натопете го во вода, па добро измијте го и потоа исечете ги стеблата. Пиперките (по можност жолти и зелени) прободете ги со вилушка на неколку места за полесно да ја впијат течноста, карфиолот исечете го на цветчиња, исчистете го младиот морков и зелениот домат.
Сите зеленчуци се ставаат во буре, па се прелива вода (неварена) во која се додадени оцет, шеќер, сол и винобран. Зачинете по вкус, а потоа притиснете го добро зеленчукот да се впие во течноста.
Подоцна може да се додаде и дополнително зеленчук, како и соодветна количина пресол доколку е потребно, важно е зеленчукот секогаш да биде покриен со течност.
Извор: NajŽena.rs