СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Вреди да се проба:

Реклама

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот.

Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега пробајте ја слатката верзија на популарното пециво, која е одлична за појадок со шолја чај или млеко. Подготовката е едноставна, само следете ја постапката подолу.

Реклама

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 250 мл млако млеко
  • 2 жолчки
  • 60 гр путер, омекнат
  • 150 гр шеќер
  • 1 лажица свеж квасец
  • 2 јајца за премачкување + шеќер

Подготовка:

Во поголем сад изматете го топлото млеко, жолчките, шеќерот и издробениот квасец. Истурете ја течноста во сад со просеано брашно и месете додека не се формира тесто. Додадете го омекнатиот путер и месете го тестото 10 минути или додека не стане мазно и еластично.

Оставете го тестото на страна 1 час, а потоа замесете го повторно за да го отстраните вишокот воздух и исечете го тестото на 24 еднакви делови. Секое парче формирајте го во топка.

Реклама

Оставете ги топчињата на страна 15 минути. Секоја топка формирајте ја во јаже долго околу 20 см. Плетете ги 3-те јажиња за да формирате плетенка и цврсто врзете ги двата краја на плетенката. Повторете го истото со другите топчиња.

Кога ќе се формираат сите плетенки, префрлете ги во подготвениот плех и оставете 30 минути. Намачкајте ги плетенките со јајца и обилно посипете ги со бел шеќер. Печете на 190°C 15 минути.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -