Селско месо по старински оригинален рецепт

Вреди да се проба:

Реклама

Подгответе еден прекрасен ручек за вашите најблиски, стар вкусен рецепт на кој никој неможе да остане рамнодушен.

Состојки:

  • 1/2 кг мелено месо
  • 1 јајце
  • 3 главици кромид
  • 2 лажици презла
  • 1 кг свинска кртина
  • 2 моркова
  • 2 суви црвени пиперки
  • 300 гр маринирани печурки
  • 1 коцка говедска супа
  • мелен црн бибер
  • црвен пипер
  • 1 лажица сенф

Подготовка:

Замесете ги меленото месо, посолено и зачинете по вкус и додадете 1 сецкан кромид, презла и јајце. Од добиената смеса формирајте ќофтиња со големина на орев.

Реклама

Свинската кртина исечете ја на коцки. Испечете ги ќофтињата и насечената свинска кртина на скара или испржете ги во тава убаво да заруменат. Двата кромида исечкајте ги на ситно и пржете додека да омекнат.

Додадете ги сечканите моркови и кога сè е убаво омекнато, додајте ги маринираните печурки и сечканите суви пиперки. Зачинете по вкус и додајте ловоров лист и една лажица сенф.

Реклама

Во смесата додадете ги месото и ќофтињата и убаво мешајте. Додајте околу 700 мл вода, ставете една коцка говедска супа и едно лажиче црвен пипер. Оставете нека се динста 15-тина минути, па префрлете во земјена тава.

Печете на 200 степени околу два часа.

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -