Реклама
Кога ќе посакате да на направите медењаци еве едноставен рецепт за овие вкусни и фини традиционални колачиња.
Состојки:
- 500 гр брашно,
- 1 прашок за пециво,
- 100 гр шеќер,
- 50 гр мед,
- 200 мл масло,
- 125 гр маргарин,
- прстофат сол,
- 1/2 лажичка цимет
Дополнително за фил:
- џем од јагоди,
- 4-5 лажици гранулиран шеќер,
- 4-5 лажици мелен кокос
Подготовка:
Измешајте го брашното со прашокот за пециво, солта и циметот.
Реклама
Се матат маргаринот со шеќерот, па се додаваат брашното, маслото и медот и се замесува меко тесто (слободно додадете малку вода по потреба).
Искинете мали топчиња (со големина на лешник) и наредете ги во плех, внимавајќи меѓу нив да има простор барем од еден прст.
Реклама
Печете 8-10 минути на 180 °C. Оставете ги да се изладат, па спојте по два медењаци со џем од јагоди (или по ваш избор) Промешајте со гранулиран шеќер измешан со ситно мелен кокос.