Копривникот на баба: Едноставно, вкусно и здраво старо јадење!

Вреди да се проба:

Реклама

Ова едноставно, вкусно и здраво јадење обично се подготвува напролет кога копривите се млади и содржат најмногу витамини. Копривник може да се сервира со јогурт или кисело млеко.

Состојки:

  • 5-6 снопови коприви
  • 2-3 лажици брашно
  • масло
  • Мало тенџере со вода
  • Сол

Подготовка:

Копривите убаво се мијат и потоа се преливаат со врела вода во која треба да останат неколку минути. Потоа се сушат односно исцедуваат од водата и се дробат.

Реклама

Копривите се пржат малку во тава со загреано масло, а потоа се додава вода и сол. Откако водата со копривите ќе зоврие се додава брашното измешано во малку вода.

Целата смеса убаво се меша и се става во загреана рерна да се згусне и малку да се испече. Ставете го на 200 степени околу 25 минути.

Реклама

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -