Гнезда од мелено месо со јајце и кашкавал – Загарантиран добар вкус!

Вреди да се проба:

Реклама

Може да ги приготвите за вечера, оброк или како мезе за празничната трпеза. Вкусните мали гнезда од мелено месо може да го задоволат сечиј вкус.

Потребни состојки:

  • 2 кг мелено месо
  • 6 јајца
  • 200 гр кашкавал

Зачини за мелено месо:

  • буковец
  • црн пипер
  • црвен пипер
  • 1 јајце
  • презла (лебни тропшки)
  • лут црвен пипер (по желба)
  • сол 20 гр

Начин на подготовка:

Ставете го меленото месо во сад зедно со сите наведени зачини, измешајте го добро и оставете го да отстои во фрижидер неколку часа. Земете тава и малку намастете ја со масло или ставете хартија за печење.

Реклама

Формирајте од меленото месо топчиња со средна големина. Земете едно стаклено шише и подмачкајте го дното на стаклено шише со масло и притиснете го секое оформено топче мелено месо.

Местото за јајцето можете да го обликувате и со прсти, или пак со врвот од едно јајце притиснете го на средина топчето, скршете го јајцето и истурете го во вдлабнатината. Ставете ги да се печат на умерена температура.

Реклама

Кога ќе се испечат, извадете ги и послужете ги со рендан кашкавал, вратете ги малку во рерна за да се стопи кашкавалот.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -