Овој десерт беше популарен во 70-тите години на минатиот век. Подгответе го колачот кој ќе ве наврати на детските денови.
Состојки:
За кора:
- 4 јајца
- 100 грама шеќер
- 200 грама брашно
- 100 милилитри масло
- 100 милилитри вода
- прашок за печиво
За фил:
- 1 литар вода
- 1 килограм јаболка
- 2 ќесички пудинг од ванила
- 100 грама шеќер
За украсување:
- 500 милилитри слатка павлака или шлаг
Подготовка:
Изматете белки и шеќер во цврст снег. Измешајте ги издвоените жолчки со масло, вода, брашно и прашок за печиво.
Измешајте ги двете смеси со лажица.
Загрејте ја рерната на 180 степени и печете ја кората околу 20 минути.
Во 900 милилитри вода додајте шеќер и оставете ја да зоврие, па додајте ги ситно сечканите јаболка и загревајте дваесетина минути.
Измешајте го остатокот од водата со 2 пудинга и додајте ја во водата со јаболката, па продолжете да загревате околу 3 минути и врелата смеса истурете ја врз корите.
Кога ќе се излади тортата, изматете слатка павлака и шлаг и премачкајте го. Оставете ја да отстои пред да ја послужите.
