Направете салата јагоди од цвекло со фил.




Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може и не мора да се стави зависи од вашиот избор.
Состојки:
- 1 голема главица црвена репка
- 1 главица црвен кромид
- 1 варено јајце
- малку копар
- сок од лимон
- маслиново масло
- 2-3 компири
- 1 чешне лук/ по избор
- магдонос
- сусам
Подготовка:




Компирите и цвеклото издинстајте ги. Изладете ги и потоа излупете ги. Цвеклото изрендајте го на ситно ренде, испасирајте го компирот, измешајте го и додадете го издробениот лук.




Потоа исечете го вареното јајце и кромидот на ситни коцки. Измешајте ги со ситно сечканиот копар.




Од црвената смеса (компир и цвекло) направете мали сплескани кругови, во средината ставете по една лажичка фил од варено јајце со кромид, и затворете така што од секоја ќе формирате јагода.




Направете сос од маслиново масло и сок од лимон. Прелијте ги сите јагоди и одозгора посипете сусам. Од магдонос направете стебла за јагодите.
Пријатно!