Шупливи крофни кои се топат во уста – ПОСНО

Вреди да се проба:

Реклама

Овие меки крофни се превкусни а воедно се одличен десерт за посната трпеза.

Шупливи и толку меки, што се топат во уста.

Реклама

Потребни состојки:

  • 1 кг брашно
  • 40 г квасец
  • 300 мл млака вода
  • 200 мл кисела вода
  • 100 мл масло
  • 2 лажици шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • Кора од лимон – рендана
  • Кора од портокал рендана – многу малку
  • 1 лажичка сол
  • масло за пржење на крофни.

Постапка:

Ставете квасец, лажица шеќер и лажица брашно. Добро измешајте со малку вода и оставете квасецот да се активира.

Потоа во надојдениот квасец додадете масло, вода, кисела вода, шеќер, рендана кора од лимон и портокал, ванилин шеќер. Замесете со брашно. Брашното додавајте го малку по малку и додавајте сол. Завршете го месењето и оставете го тестото да се удвои.

Реклама

Потоа развлечете го врз побрашнета работна површина, вадете тркалца со чаша и оставете малку да надојдат, околу 10 минути.

Загрејте го маслото, па крофните спуштајте ги со горната страна свртена кон долу. Поклопете и пржете околу една минута, тргнете го капакот и оставете долната страна да порумени. Свртете на другата страна и пржете. Оставете да порумени.

Вадете ги на салветки да се исцедат, поросете со шеќер во прав и послужете со џем.

- Advertisement -

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -