Десерт кој во исто време е и оригинален украс на вашата велигденска трпеза.
Состојки:
- 1, 1/2 пакетче кокос
- 300 гр чоколадо по ваш избор
- чоколадни јајца, пилиња, зајачиња за украсување
Подготовка:
Ставете го кокосот во суво тавче и печете го околу 5 минути, додека не порумени малку, но не и да се препече и да стане премногу тврд. Растопете го чоколадото во микробранова печка или на пареа и комбинирајте го со кокосот.
- Advertisement -
Од добиената мешавина со лажица формирајте мали форми, кои потсетуваат на гнезда со вдлабнатина на средината. Направете го тоа на хартија за печење. Потоа наредете чоколадни јајца во гнездата, зајачиња, пилиња и ставете ги во фрижидер неколку минути за да се стегнат.