Украс за вашата трпеза: Пригответе полнета полжав-пита

Вреди да се проба:

Реклама

Освен што изгледа одлично, вкусот на оваа пита е фантастичен.

Состојки за тестото:
  • 500 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 25 г свеж квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 100 мл млеко
  • 150 мл јогурт
  • 1 јајце
  • 50 г омекнат путер
  • сол
Состојки за филот:
  • 300 г шунка
  • 250 г урда
Состојки за премачкување:
  • 1 јајце
Приготвување:

1. Во подлабок сад се поврзуваат млакото млеко, издробениот квасец и по едно лажиче шеќер и екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“. Добро се меша и се остава на топло, да нарасне.

Реклама

2. Во сад се меша половина од екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ со малку сол, се додаваат нараснатиот квасец, јогуртот и јајцето, па се меша. Постепено се додава преостанатото екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“ и се меси додека се добие мазно тесто. Замесеното тесто се остава на топло да нарасне.

3. Нараснатото тесто се сука со сукало во правоаголник, во дебелина од 5 мм. Се премачкува со омекнатиот путер и се преклопува повеќепати, на крајот се превртува наопаку, така што краевите ќе бидат свртени надолу. Се остава да одмори дваесетина минути.

Реклама

4. За приготвување на филот, шунката се сечка ситно и се поврзува со урдата.

5. Отстоеното тесто се сука во правоаголник. На две третини од тестото, во помали топчиња се распоредува филот, а остатокот од тестото се засекува на секој 1 см. Потоа тестото се витка во ролат, почнувајќи од филуваниот дел до крајот.

6. Тркалезен калап се обложува со хартија за печење и во него се става ролатот, мотајќи го во круг, за да се добие изглед на полжав. Погачата се остава да нарасне десетина минути. Потоа се премачкува со јајце и се пече во загреана рерна на 200°Ц, додека порумени.

- Advertisement -

Извор: Добра храна

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -