Штипска пастрамајлија приготвена на традиционален начин

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Пастрмајлијата е највкусна кога е испечена во фурна на дрва наместо во класичната печка меѓутоа ќе биде доста вкусна ако се подготви и во шпорет, доколку го имате вистинскиот рецепт.

Вкусната штипска пастрмајлија од македонската кујна, приготвте ја со добра музика и добро вино.

- Advertisement -

 

Состојки за тестото:

  • 900 гр брашно
  • 40 гр свеж квасец
  • 1 лажичка сол
  • 400-500мл вода

Состојки за внатрешност

  • 800 гр свинско месо (или пилешко)
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 1 лажичка бибер
  • 1 лажица масло
  • 4 лажици свинска маст

 

Подготовка:

Најпрво се приготвува месото. Се сече на ситни коцки и се маринира во зачини со сол, бибер и црвен пипер. Се остава да преноќи за да се впијат сите зачини. Најдобро е месото да се приготви еден ден порано или најмалку шест часа да отстои зачинето со сол, бибер и црвен пипер.

Другиот ден се замесува тестото. Се подготвува класично со млака вода, сол, брашно и квасец. Откако ќе го замесите се остава да отстои и да се подигне, а потоа се размесува.

Од ова тесто излегуваат 3 пастрмајлии. Тестото се дели на 3 еднакви топки и се остава да одмори. Потоа на секоја се прави длабнатинка со прстите од средината на тестото кон нанадвор.

Секое парче тесто се размесува во елипсовидна форма и врз него во средина се реди приготвеното месо. Тестото се остава на тепсија која претходно е посипана со брашно. Врз секоја пастрмајлија се става и по една лажица свинска маст. Пропрскајте малку масло врз секоја пастрмајлија за да го добие сјаниот изглед.

Се пече во претходно загреана рерна најмалку на 250 ºC околу 35 минути, додека да зарумени. Потоа се вади тепсијата и се премачкуваат краевите-ивиците од пастрмајлијата со маст и пак се враќа да се допече уште 5 минути и се исклучува рерната.

Откако ќе се испечат пастрамајлиите се покриваат со фолија и платнена крпа и се остават 15мин.Послужете со лути феферончиња.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!