Торта со бисквити – Многу едноставна за подготовка а ќе уживате во вкусот…

Вреди да се проба:

Реклама

Оваа торта се прави многу, а сепак има толку добар вкус.

Потребни состојки:

  • 400 гр. бисквити
  • 100 гр. путер
  • 2 пудинга од чоколадо
  • 2 пудинга oд слатка павлака
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 1 литар млеко
  • 4 лажици шеќер
  • 2 ванили

Подготовка:

Варете го пудингот со млекото и додадете го шеќерот и ванилата. Изматете го путерот со шеќерот во прав. Оставете го пудингот да се излади.

Реклама

Поделете го путерот на два дела и додајте го чоколадото во едниот, а во другиот белиот дел и добро измешајте. Плехот обложете го со фолија.

Еден бисквит намачкајте го со чоколадо, а до него другиот со крем од слатка павлака и од страна ставете по еден бисквит.

Реклама

Одозгора намачкајте со бел крем, покријте со фолија и оставете во фрижидер 2 часа за да се излади.

Ставете го на чинија и од страна премачкајте со остатокот од бел фил и одозгора со чоколадниот фил.

Посипете со малку кокосово брашно или рендано бело чоколадо. Оставете во фижидер преку ноќ за да се стегне.

- Advertisement -

Послужете и уживајте во прекрасниот вкус.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -