Рецептот за тестенини со печурки буковки е толку фин што дури нема да забележите дека во него нема месо.
Ако ги соедините буковките со варени тестенини, пармезан и малку крем, ќе добиете вкусен и брз ручек или вечера.
- Advertisement -
Состојки:
- 400 грама широки јуфки
- 400 грама печурки буковки
- 200 мл крем за готвење
- 100 грама путер
- 50 грама рендан пармезан
- грст свеж магдонос
- сол и бибер по желба
Подготовка:
Гответе ги тестенините според упатствата на пакувањето. Стопете го путерот во голема тава и испржете ги на неа буковките додека не добијат златно-кафеава боја од двете страни. Зачинете со сол и бибер и додадете свеж сецкан магдонос.
Додадете им крем за готвење, измешајте добро и варете се заедно на тивок оган околу пет минути додека не се измешаат вкусовите и згусне сосот. Сварените тестенини промешајте ги во сосот, изрендајте пармезан над се и измешајте добро.
Послужете топло со сезонска салата.
Добар апетит!