Стар рецепт за баница со кисела зелка

Вреди да се проба:

Одлично за појадок, вечера, па дури и закуски.

Состојки:

Тесто:

- Advertisement -
  • 700 гр брашно
  • 4 дцл вода
  • 3 лажици маст
  • 1/2 лажичка сол

Фил:

  • 1 кисела зелка (1 поголема глава)
  • 1 главица кромид
  • бибер по вкус

Подготовка:

1.Исечете ја киселата зелка на коцки. Пропржете го ситно исецканиот кромид во малку маснотија, а потоа додадете ја зелката и оставете да врие на тивок оган. Додадете бибер.

2.За тестото измешајте брашно и сол, а потоа постепено додавајте млака вода и масло. Месете го тестото, покријте го и оставете го да отстои околу половина час.

Потоа размесете го тестото, па поделете го на четири дела. Формирајте топчиња. Расукајте кори одозгора намачкајте ги со маст и оставете ги на топло место да одморат уште половина час.

Покријте ја масата со чаршав, а потоа посипете со брашно. Расукајте ги корите и а потоа полека ратргајте со рацете и правете ги што е можно потенки. На крај искинете ги рабовите.

3.Растргнатото тесто посипете го со малку растопена маст, а потоа премачкајте со филот од зелка над тестото, завиткајте го со чаршав на масата. Ставете ги во подмачкан плех за печење.

Постапката повторете ја со преостанатите три кори, одозгора премачкајте ја питата со растопена маст, па печете ја во загреана рерна на 200 степени, додека не зарумени.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!