Реклама
Сенф, кари, пилешко – комбинација што никогаш не пропаѓа! И кога ќе додадете павлака – уште посочно!




СОСТОЈКИ:
- 400 грама пилешко филе
- 4 лажици павлака
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажичка кари
- 1 лажичка сенф
- малку сол, бибер
- 150 грама кашкавал
ПОДГОТОВКА:
Направете компактна мешавина од сите наведени состојки (освен кашкавалот и филетите).
Реклама
Потопете тенко исечен пилешки стек во смесата и наредете го во подмачкан огноотпорен сад. Покријте и печете на 220 степени околу 45 минути.




На крај, изрендајте го кашкавалот одозгора и вратете се во рерна уште 5 минути.
Реклама
Како прилог може да комбинирате ориз или компир, пилешкото оди одлично со ориз или печен компир.