Совршен лесен ручек: Нудли со зеленчук подготвени за 15 минути

Вреди да се проба:

Реклама

Направете вкусни нудли во комбинација со мешан зеленчук.

Состојки:

  • 150 гр. нудли
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • 200 гр. печурки
  • 1 црвена пиперка
  • 1 морков
  • 1/2 шолја грашок
  • 3 шолји спанаќ

За сосот:

  • 2 лажици соја сос
  • 2 лажички шеќер
  • 1 лажичка сусамово масло
  • 1/2 лажичка мелен ѓумбир
  • 1/2 лажичка ќечап

Начин на подготовка:

Измешајте ги во сад соја сосот, шеќерот, сусамовото масло, ѓумбирот и ќечапот и тргнете ги на страна. Сварете ги нудлите според инструкциите на пакувањето.

Реклама

Исечкајте ги печурките, лукот, пиперката и морковот.

Во голем сад ставете ладно маслиновото масло и лук, и загрејте додека лукот не пушти мирис. Потоа додадете ги печурките, пиперката и морковот. Пржете со мешање околу 5 минути.

Реклама

Додадете го спанаќот и гответе мешајќи уште 2-3 минути. На крај додадете ги нудлите и сосот.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -