РАТАТУИ – класичен француски рецепт, богат со вкусови: Лесно јадење печено во рерна!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Рататуи потекнува од француски термин “touiller,”  што едноставно значи „фрлање храна“. Традиционално француско јадење богато со зеленчук, со потекло од Ница, Франција, е популарно покрај медитеранскиот брег како лесно летно јадење. Првично се сметало за „селска храна“ поради обилниот летен зеленчук. Обично се служи како гарнир, Рататуи може да биде главно јадење како  додаток на тестенини или леб.

Состојки:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 кромида исечени
  • 4 чешниња лук, грубо исецкани
  • 4-5 средни домати, исечени на кругови
  • 4 мали и средни тиквички, исечени на кругови
  • 2 средни модри патлиџани, исечени на кругови
  • 1 жолта пиперка, исечена на кругови
  • 1 зелена пиперка, исечена на кругови
  • 400 мл пире од домати
  • 1 лажичка сушена мајчина душица
  • 1/4 лажиче сушена копра
  • 2 лажици свежи лисја од оригано (или 1 лажичка сушени)
  • 2 лажици свежи листови од босилек, сецкани (или 1 лажичка сушени)

Подготовка:

Исецкајте ги модри патлиџани и тиквички на тенки парчиња во кругчиња. Земете рамна нелеплива тава и кратко пржете ги модрите патлиџани на средна топлина. Променете им ја страната и така пржете уште една минута. Извадете ги од тавата и држете се настрана. Не пржете премногу затоа што ќе се готват подоцна во рерна. Направете го истото и за тиквичките (кратко пржење за неколку минути).

- Advertisement -

Исецкајте ги пиперките во кружни прстени (отфрлете ги семето и средниот дел). Исто и нив пржете ги на сличен начин како тиквичките и модрите патлиџани. Кромидот и лукот ситно исецкајте ги.

Истурете 1 лажица масло на тава. Кога е топло, додадете исечен кромид и лук. Зачинете ги со сол и бибер. Пржете ги додека не станат златно-кафеави во боја. Исецкајте ги доматите во тенки кружни парчиња. Пржениот кромид и лук ставете ги во чинија па во нив истурете пире од домати. Додадете сушени зачини во смесата и измешајте добро со шпатула.

Намастете тава за печење. Истурете ја подготвената мешавина (кромид, лук, доматно пире, зачини) во тавата за печење. Ставете околу свежа мајчина душица, копар, оригано и босилек. Наредете ги пржените зеленчуци и доматите во кружна спирална шема, редејки ги наизменично, тиквичка, домат, зелеа пиперка, модар патлиџан, жолта пиперка, се до потрошување и исполнување на садот за печење.

Одозгора посипете со остатокот од зачини и истурете маслиново масло на зеленчукот. Зачинете со сол и бибер. Можете да го покриете со хартија за печење за да не се препечат одозгора зеленчуците.

Ставете го во загреана рерна 40 минути на 180 ° C. По 40 минути, извадете го, извадете ја хартијата за печење и ставете го назад уште 10 минути на 180 ° C. Вашиот Рататуи ручек е подготвен.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!