Сочна раванија со гриз – Традиционален колач кој се топи во уста…

Вреди да се проба:

Реклама

Раванијата е лесен десерт со шербет, што може да се сретне на менито во секој ресторан во југоисточна Македонија.

Потребни состојки:

За тесто:

Реклама
  • 3 јајца
  • 12 лажици шеќер
  • 12 лажици мелени/сецкани ореви
  • 12 лажици масло за јадење
  • 12 лажици млеко
  • 12 лажици гриз
  • 12 лажици брашно
  • 1 пециво

За шербет:

  • 3 шољи вода
  • 3 шољи шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лимон

Начин на подготовка:

Јајцата и шеќерот добро се матат со миксер. Се додава млекото и маслото за јадење и се мати уште малку.

Реклама

Потоа постепено се додаваат гризот, оревите, брашното и пецивото измешани заедно. Се мати додека смесата да се соедини.

Тестото се става во намрсен плех бр.28 и се пече околу 25 минути на темпетарура од 180 степени.

Шербетот се прави така што се ставаат водата и шеќерот во тенџере и се вари додека да зоврие. На крај се додава ванилиниот шеќер и малку сок од лимон.

- Advertisement -

Изладената и исечена на коцки раванлија се прелива со топол шербет.

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -