Добрите салати никогаш не се доволни. Затоа денес ви подготвивме рецепт за една превкусна и здрава салата.




Состојки:
- 500 гр пченица
- 1 кромид
- 4 шери домати
- зеленчук – златна мешавина пченка и грашок
- сол
- црн бибер
- малку вегета за вкус
- 100 мл. маслиново масло
Најпрво пченицата треба да се свари. Но пред тоа теба добро да се измијат зрната и да се остави натопена во вода неколку часа. Потоа се става пченицата во тенџере и се додава трипати поголема количина вода. Се оставете да се вари на умерена температура.
Кога ќе зоврие водата, пченицата се посолува со сол и се затвора течџерето со капак. Се намалува температурата и се остава да се вари околу 45 минути, додека сосема ја впие водата.




Дококлу пченицата не се исуши добро по варењето, се прецедува додека не го впие вишокот вода. Се остава на страна, сосем да се излади. Затоа често се препорачува пченицата да се свари еден ден порано.
Пред да се направи салатата треба да биде убаво прецедена да не испушти вода. Ако има потреба се завиткува во чиста кујнска крпа за да се упие вишокот на течност.
Во тава, на тивок оган, се става малку масло и се запржува кромидот. Се додава пченицата и се пржат на тивок оган околу 5 минути.




За салатата доматите се сечат на ситни коцки. Потоа во еден сад се соединуваат пченицата, грашокот и доматите. Се се додава 50мл.масло и зачини, сол, вегета и црн бибер.
На крај се додава пченицата со кромидот и се соединуваат сите состојки, целата смеса се меша заедно.
Декорирајте со свеж магдонос.