Предлог за неделен ручек: Направете меко и сочно пиле со трикот на баба!

Вреди да се проба:

Реклама

Крцкаво однадвор, меко и сочно одвнатре, со трикот на баба ќе подготвите највкусно меко пиле.

Состојки:

  • 1 поголема кокошка
  • 100 мл мајонез
  • 2 лажици доматно пире
  • Чешниња лук
  • малку бибер
  • Сол
  • масло

Подготовка:

Пилешкото обработете го малку со нож и пресечете го на половина од долната страна каде што е белото месо.

Реклама

Посолете го добро. Истурете мајонез во сад, додадете пире од домати, бибер, масло, лук и измешајте добро.

Пилешкото добро премачкајте го од сите страни. Најдоброто пилешко месо се пече на скара каде може убаво да се исцеди.

Реклама

Покријте со алуминиумска фолија и држете ја фолијата преку целото време на печење. Печете на 220 степени Ц околу еден час и десет минути убаво да зарумени.

Послужете со гарнир печен компир, и супер оди со пиперки во оцет и лук.

Уживајте!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -