Плетена штрудла од лиснато тесто со богат фил од јаболка, суво грозје и цимет – Брзо и неодоливо вкусно…

Вреди да се проба:

Вкусна и декоративна лисната плетена пита со јаболка и суво грозје. Изненадете ги најмилите со овој одличен десерт кој многу брзо и лесно се подготвува. 

Состојки:

  • 1 блок лиснато тесто
  • 2 јаболки
  • 1/2 шоља кафеав шеќер
  • 1/2 шоља суво грозје
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка мускатно оревче
  • 1 лажица лимонов сок (од пола лимон)
  • 1 јајце за премачкување

Подготовка:

За да го подготвите филот едноставно исечете ги јаболката на мали ситни парчиња, а потоа измешајте ги заедно со шеќерот, сувото грозје, циметот и мускатното оревче.

- Advertisement -

Поделете го блокот лиснато тесто на три еднакви дела. Исечете ги надворешните делови на тенки ленти со широчина околу 2 см.

Истурете го филот на средината и полека преплетувајте ги надворешните ленти врз филот.

Штом ќе ја формирате питата, премачкајте ја одозгора со изматеното јајце.

Печете околу 30 минути, во претходно загреана рерна на температура од 200 степени целзиусови.

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!