Безмасна, здрава пита на која нема да можете да и одолеете!
Состојки:
- 500гр кори за пита
- 300- 400гр сирење
- 100-200гр коприва свежа или одмрзната (или каков било зелениш, може и спанаќ)
- 2 јајца
- 1 чаша палента (од 2дл)
- 1 чаша кисела вода (од 2дл)
- 1 чаша јогурт (од 2дл)
- сол по вкус
- 2 лажици маслиново масло
- сусам за посолување
Подготовка:
1.Во еден сад, издробете го сирењето, додадете 1 јајце и сецканата коприва. Добро измешајте го филот. Во друг сад изматете го премазот со 1 јајце, чаша палента, чаша кисела вода, чаша јогурт, 2 лажици маслиново масло и додадете сол по вкус.
2. Начин на филување: земете една кора (во пакетот има околу 15), нанесете го премазот на половина од кората и убаво размачкајте. Потоа преклопете ја кората на половина, и нанесете го филот со сирење само на поширокиот раб. Потоа замотајте ја кората во ролна и ставете ја во плех обложен со хартија за печење. Кога ќе ги наполните сите кори и ќе ги распоредите во плех, премачкајте ги одново со остатокот од премазот за премачкување. И посипете семе од сусам одозгора ..
3. Печете ја питата во загреана рерна 15-20 минути (во зависност од вашата рерна) на 220 степени.
Пријатен апетит!