Совршено јадење за кое ќе ви биде побаран рецепт




Состојки:
- 600 гр пилешко бело месо
- 100 гр сув врат
- 200 гр пиперка во павлака
- 1 лажиче сол
- 1/2 лажиче бибер




Подготовка:
Пилешкото бело месо исечете го на четири поголеми шницли, а потоа лесно исчукајте го со чекан за месо. Исечете ги пиперките во павлака на ленти.
- Advertisement -
Зачинете го секој стек од бело месо со сол и бибер, а потоа ставете по два листа сув врат и подготвената пиперка во павлака во секое парче.




Завиткајте го белото месо, прицврстете го со чепкалки за заби или конец за готвење и запржете го на малку загреано масло. Можете да послужите со печен компир како гарнир.




Пријатен апетит!