Реклама
Сочно и вкусно, здраво и со малку месо, ова јадење се претвора во вистинска гозба и храна за душа!




Состојки:
- 200 грама бамја
- 100 грама сланина панчета
- 1 главица кромид
- 3 чешниња лук
- 5 лути пиперки
- 30 грама путер
- 2 децилитри вода
- црб бибер во зрно
- 1 мала лажица сол
- масло по потреба
Подготовка:
Бамјите најубаво е да ги подготвувате свежи за поубав вкус. Во поголема тепсија згрејте го маслото и путерот на умерен оган. Додадете ја исечканата сланина и пржете ја околу пет минути.
Реклама
Кога сланината ќе добие румена боја, додадете го ситно исечканиот лук, кромидот, пиперките и бамјите, кои се сечени на тркалца.
Прелејте со две децилитри вода и мешајте со дрвена лажица. Потоа пржете ги десет минути. Додадете сол и бибер.
Реклама




Почекајте да поврие па намалете го огнот на минимум и оставете да крчка уште 25 минути, со повремено мешање.