Направено е многу едноставно, а вкусот е фантастичен.




Многу луѓе никогаш не пробале ваков вид компир, а секој што го пробал вели дека е подобар од помфрит! Потребни ви се само неколку едноставни состојки и многу малку време за да го подготвите. Можете да користите и млад и стар компир, што и да имате.
Состојки:
- компири (колку што сакате)
- млад кромид
- 1 – 2 колбаси
- масло
- зачини
Подготовка:




Измијте ги компирите, излупете ги и исечете ги со нож, како на кришки но не до крај. Помеѓу секој насечен простор на компирот наредете ги колбасите исечени на кругчиња и насецканото младото кромидче.




Ставете ја фолијата на плехот, наредете ги компирите и ставете ги останатите компири и кромид наоколу. Зачинете со зачин, сол, бибер по желба. Прелијте со масло. Завиткајте го компирот во фолија.




Ставете да се пече на 200 степени околу половина час додека компирот не омекне. 5 минути пред крајот, отворете ја фолијата за да заруменат компирите одозгора. Ставете кајмак одозгора на врелите компирчиња и сервирајте.




Добар апетит!