Овој специјалитет се подготвува многу брзо и лесно. Претставува совршен спој на вкусови иако навидум изгледа многу невообичано и чудно. Сепак е многу едноставен и превкусен начин на приготвување крап.
Повелете испробајте го рецептот и уверете се…
Потребни состојки:
- 1 кг. крап
- 2 големи лажици мајонез
- 2 големи лажици неутрална павлака за готвење
- 1/2 мала лажичка шеќер
- сол
- залини за риба (по вкус)
- 1-2 лимони
Начин на подготовка:
Исчистениот крап се сече на прстени, зависно од тавата во која ќе се пече но отприлика 6 до 8 парчиња крап.
Во длабок сад се ставаат мајонез, неутрална павлака, шеќер, сол и зачини по вкус. Сето тоа добро се меша додека убаво не се соедини смесата. Секое парче крап се меша во вака добиената смеса и се остава да отстои најмалку половина час.
Во намаслен плех за печење се реди лимонот, насечен на тенки кругови. Врз лимонот се редат парчињата крап и се ставаат во загреана фурна.
Се пече на 180 степени целзиусови, додека не се зацрви рибата.
Додека се пече крапот не се превртуваат парчињата, бидејќи се многу кревки и може да се прекршат.
Откако убаво ќе се зацрви рибата, се вади од фурна и се сервира во порции.
Пријатен апетит!