Печени макарони со павлака

Вреди да се проба:

Реклама

Нема кој не го сака ова јадење,а омилено е на најмалите!

Состојки:

  • 350 гр макарони
  • 2 чешниња лук
  • 250 гр сирење
  • 2 лажици маслиново масло
  • 200 гр кисела павлака
  • 200 гр сув врат
  • сол по вкус

Подготовка:

1.Во подлабок сад ставете вода да зоврие, па додадете ги макароните. Додадете сол и варете додека макароните не бидат половично сварени.

Реклама

Исцедете ги, но зачувајте од исцедената вода една чаша бидејќи ќе ви треба за сосот. Истурете ги исцедените макарони во подмачкан огноотпорен сад и додадете сол и бибер.

2.За сосот измешајте ја водата во која се свариле макароните, павлаката и ренданото сирење и измешајте сè добро. Испасирајте го лукот и промешајте повторно, па прелијте ги макароните со добиениот сос.

Реклама

Како додаток одозгора можете да наросите исецкан сув врат, кој ќе даде побогат вкус на јадењето. Печете околу 15 минути на 220 степени.

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -