Печени компири со слатка павлака – Не може да им се одолее!

Вреди да се проба:

Реклама

Направете вкусен ручек за денешната трпеза, изненадете ги блиските со редени компири, од фурна. Помешани со сланина и облиени во слатка павлака и малку кашкавал. Превкусно…


Состојки:

  • 5 – 6 средни компира
  • 250 мл слатка павлака хопла
  • 200 гр рендан кашкавал
  • 2 чешниња лук
  • 125 гр сечкана сланина или шунка
  • 1 мал кромид исечкан на тенки листови
  • 4 лажици кисела павлака
  • 200 гр. пармезан
  • црн пипер
  • сол
  • маслиново масло

Подготовка:

Компирите се мијат убаво под силен млаз на вода. Се лупат и се сечат на кругови со дебелина од околу 5мм. Се зачинуваат со сол и бибер по вкус и се наросуваат со малку маслиново масло.

Кромидот се сече на тенки листови, а сланината на ситни мали коцки.

Реклама

Потоа се редат компирите во тава за печење, која претходно е намастена со масло.

Се реди компир, па ред сечкана сланина и листови кромид, наизменично се продолжува. Одозгора се посипува со рендан кашкавал и црн бибер.

Реклама

Во помал сад измешајте ги слатката павлака и сечканиот лук. Залијте врз компирот и покријте со фолија или капак од тавата. Вака печете на 1 час во претходоно загреана печка на 180 степени целзиусови, додека да омекне компирот.

Отстранете ја фолијата и продолжете да печете уште 15-20 минути додека кашкавалот и компирите се зацрвенат.

Готовите компири оставете ги настрана да “одморат” 15 минути пред служење.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -