ПАЧА – Традиционално мезе по оригинален рецепт на нашите баби!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Ова е еден стар рецепт за пача или пифтија, одлично мезе полно со месо и лук. Вистинските домаќинки мора да знаат како правилно се подготвува вкусна пифтија. Пробајте, нема да зажалите!

СОСТОЈКИ:

  • 5 свински нозе (1,5 кг)
  • 1 чадена свинска коленица (1кг)
  • црн бибер (неколку зрна)
  • 4 ловорови листови
  • 1 главица лук
  • сол по потреба
  • мелен црвен пипер
  • лута пипер
  • вода
  • магдонос (ситно сечкан)
  • 3 моркови (варени)
  • 5 јајца (верени)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Свинските нозе добро исчистете ги, измијте ги и ставете ги во длабок лонец. Додајте сол, црн бибер и ловоров лист. Можете да додадете и неколку чешниња лук. Налијте вода околу 6-7 литри и гответе 4 часа на тивок оган, без додавање вода.

По 10-15 минути готвење отстранете ја пената. Затворете со капак и оставете ги да се готват. Пред крај посолете по желба.

- Advertisement -

Кога нозете ќе бидат зготвени и водата ќе зоврие извадете ги со решетка. Тргнете го лонецот од оган и оставете малку да се излади, па потоа со лажица внимателно отстранете ја вишокот мрснотија од површината. Водата прецедете ја од ситни коски, низ густа цедалка.

Месото внимателно се дели од коските, ситно се сечка и се реди на дното од некој подлабок сад во кој ќе стои пивтијата. А парченцата месо од свинската коленица, се сечкаат на мали парченца и се враќаат во лонецот.

Во лонецот со процедената вода, се додаваат 3-4 чешниња толчен лук и 3 лажички сол. Најдобро е да се проба, по вкус.

Јајцата и морковот се варат и потоа се сечат на мали тркалца. Магдоносот се сецка ситно пред редење на пифтијата.

Во длабок сад во кој ќе стои пифтијата прво се редат тркалцата од јајцата, морковот и сецканиот магдонос. Се додава малку толчен лук и врз него се распоредуваат исечканите парченца од месото. Се наросува со ситно сечкан лук. Сето тоа се прелева со прецедената течност во која се вареле, убаво се распоредува преку месото и лукот.

Вака подготвената пивтија се остава на студено преку ноќ да стегне. Потоа се прелива во садови за сервирње и се остава во фрижидер добро да се излади и да се соедини.

Пред послужување може да се нароси одозгора со толчена лута пиперка.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...

ПОХУВАНИ МАСЛИНКИ: Необично посно мезе ќе биде хит на трпезата!

Ви предлагаме да додадете посно мезе што освојува од првиот залак. Невообичаено и интересно мезе е секогаш добар начин да се покажете како одлична домаќинка....
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!