НАЈУБАВАТА ТУРСКА СЛАТКА НА ВАШАТА TРПЕЗА: Еве како да направите вкусна домашна ПИШМАНИЈА!

Вреди да се проба:

Веќе не мора да патувате во Турција за да уживате во една од најубавите слатки во светот.

Состојки:

  • 100 мл сончогледово масло
  • 5 лажици бел шеќер
  • еден ванилин шеќер
  • 250 грама путер оставени да стојат на собна температура
  • полна чаша 2 дцл брашно од кокос
  • бело брашно

За посипување:

- Advertisement -
  • шеќер во прав
  • кокосово брашно

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени и подгответе рамен плех обложен со хартија за печење.

Ставете шеќер и путер во длабок сад и добро изматете, па постепено и со постојано мешање додадете масло, ванилин шеќер и кокосово брашно. Додека состојките се соединат, мешајте прво со миксер со најмала брзина и потоа зголемете.

Постепено додавајте го брашното.

Кога е добро комбинирано, покријте го тестото со алуминиумска фолија и оставете го да стои неколку часа во фрижидер. После тоа, направете топчиња и наредете ги на плех за печење.

Печете на околу 170 степени помеѓу 10 и 15 минути, внимавајќи топчињата да останат бели.

Потоа извадете ги од рерна, почекајте неколку минути додека не се изладат топчињата, но не и целосно, а потоа добро превртете ги во кокосово брашно, а потоа во шеќер во прав. Наредете ги повторно во плех.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!